Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „СУДИИ МАФИИ“ ЕЧИ ПРЕД УСТАВЕН СУД: Граѓаните револтирани на протест!

(ВИДЕО) „СУДИИ МАФИИ“ ЕЧИ ПРЕД УСТАВЕН СУД: Граѓаните револтирани на протест!

„Судии мафија“, „Нема правда- нема мир“, „Нема да дозволиме“ во моментов ечи пред Уставен суд каде револтирани граѓани изглегоа на протест против одлуката која беше донесена денеска и според истата претседателот ќе може да помилува лица осудени за изборни измами.

protest ustaven1

Граѓаните бараат  оставки од уставните судии и порачаа дека нема да дозволат да ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни.

Во најавата на протестот стои дека во земјава мора да се врати  правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот.

protest ustaven2

Законските измени кои денеска поминаа токму кога Специјалното јавно обвинителство го покрена случајот „Титаник“ и истиот се однесува на изборни измами и нерегуларности, оттука провидно е дека измените се донесуваат со цел екс министрите и другите осомничени да не одговараат за кривичните дела за кои се товарат.

Во моментов пред Уставен Суд Posted by Irena Cvetkovik on среда, 24 февруари 2016   ФОТО/ВИДЕО: ФЕЈСБУК-Ајде-Хајде организација
Слично

Поврзани вести