ВИДЕО: Студентски пленум упадна во седиштето на СПУКМ
Студентски пленум упадна во седиштетот на СПУКМ, за да се соочи со претставниците на Парламентот кои насилно ја грабнаа гласачката кутија од Правниот факултет.
Повикаа и полиција поради нарушување на јавниот ред и мир и насилство од претставници на Парламентот. Студентските избори кои денеска се одржуваа на 23 факултети за избор на нов студентски претседател, поминаа во напната атмосфера и со низа нерегуларности и инциденти.
Од пленумот обвинуваат дека оние кои ја однеле кутијата немале никаква поврзаност со УКИМ.
Тие ги бојкотираат изборите за студентски лидер, со образложение дека истите се нелегитимни. Изборите за претседател на СПУКМ официјално завршија во 16 часот.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/jfMXI1j-udk[/embed]
Слично
