Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Студентски пленум: Секогаш ќе бидеме коректив на Владата, оваа или било која друга!

(ВИДЕО) Студентски пленум: Секогаш ќе бидеме коректив на Владата, оваа или било која друга!
Велат на младите останува татковината. Ако е навистина така, Македонија ќе има прекрасна иднина, која нема да се плаши да се соочи со сите предизвици кои ќе се обидат да и го попречат патот. Дел од вчерашните говорници на протестот кој се одржуваше пред Влада беа и претставниците од Студентскиот пленум. Нивниот говор ни дава за право да кажеме дека вреди секој да им се поклони. „Сакаме да пратиме порака до сите: студентите не се овде за да поддржат некоја политичка партија. Студентите сметаат дека е значајно за што се зборува, а не кој го кажува тоа. Ние секогаш ќе бидеме коректив на Владата, оваа или било која друга. Да ја споделиме со вас, почитувани граѓани, студентската желба за Македонија. Сакавме да живееме во држава која е демократска, сакавме да имаме институции кои нема да креираат политики зад затворена врата, сакавме да имаме институции пред кои ќе можеме да ги адресираме нашите барања, сакавме еднакви можости, сакавме иднина дома. Сакавме, но не добивме. Што добивме од потрагата и голата борба за власт? Затворени институции, партизирана држава, и колеги, другари и роднини кои ги испраќаме на аеродром со билети во еден правец? Вака ли вие драги политичари ја креиравте иднината за Македонија, земја без младина, земја на родители кои децата ги испраќаат во туѓина, туѓината пуста да остане? Драги политичари, вие ни го одземавте правото на мислење, правото на вредности, правото на став. Ако кажам едно сум ДПМНЕ, а ако кажам друго сум СДСМ. Студентите не можат да ги остварат своите права и слободи и не можат слободно да се изразат. Дури и кога седнавме на маса со вас, од Владата, вие размислувавте како да не изиграте, а не како да не разберете. Е затоа сме тука денеска. За да ви кажеме дека ни е доста, за да ви кажеме дека не сме на продажба за таблети, и 10% повисока стипендија, а живееме во студентски домови кои личат на средновековни затвори. Нашата цена е повисока. Цената е прво квалитетен образовен систем, второ демократски институции, трето транспарентен систем, четврто еднаква правда за сите. Ви покажавме како се применува демократија. Ви покажавме како изгледа толерантност. Ви покажавме како изгледа транспарентност. Ви покажавме како изгледа да се бориш во она во што веруваш. Бараме од вас драги граѓани не само да ги почитувате овие вредности, туку и да ги применувате за НИКОГАШ ПОВЕЌЕ да не се повтори средношколци и студенти да ве учат вас „зрелите“ за демократија.“, е дел од говорот кој го споделија со толпата пред Влада студентите. Може да го погледнете целиот во видеото: [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ibVp5xUimZg[/embed]
Слично

Поврзани вести