(ВИДЕО) Студентски пленум: Полициска бруталност во читалната „Браќа Миладиновци“
На социјлната мрежа Фејсбук и официјалната страна на Студентскиот пленум кружат видеа во кои се гледа како специјалци упаѓаат во читалната „Браќа Миладиновци“.
Тие велат дека студентите биле брутално нападнати додека спремаат испити и колоквиуми.
„Невини студенти беа тешко ранети и раскрварени! Некој за ова мора да одговара! Полициската бруталност мора да престане!“, пишува под видата поставени на Фејсбук, како што напоменавме на Студентскиот пленум.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Ry4jc8b24oo[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/XXteNfa5jh8[/embed] Имено, протестите против полициската бруталност во Скопје ќе продолжат секој ден во исто време се додека не бидат исполнети барањата на семејството Нешковски. Нашите барања се кривично да одговара нелегитимната власт, а не само да си поднесе оставка. Да има командна одговорност во МВР и тие да одговараат кривично за злосторството што го направија – изјавил Нешковски, за Плусинфо. Покрај денешниот протест во 18 часот во Скопје, за денеска во исто време е закажан протест и во Битола. Во најавата за протестот во Битола се вели: „По обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје, и Битола повторно се приклучува на протестите против полициската бруталност! Солидарно и сите заедно за подобра иднина! Планот е да се пречекаме кај фонтаната, и да продолжиме преку Широк сокак до МВР.За подбора иднина за сите!“.
Слично
