(ВИДЕО) Страшниот пожар одзеде 50 животи до сега во Грција
Бројката на загинати во двата пожари во близина на Атина според последните информации се искачила на најмалку 50, а се стравува дека во текот на денот ќе бидат откриени и нови жртви. Над 156 лица се повредени, а 11 се во критична состојба.
Повеќето од жртвите се од гратчетот Рафина во близина на грчката престолнина, а луѓето изненадени од двата пожари кои доаѓаа од две страни, бегаат кон плажите каде беа евакуирани со чамци и бродови.
Според грчките медиуми, најголем дел од загинатите се пронајдени изгорени покрај или удавени во морето, пренесувајќи потресни приказни за пронајдени жени со нивните деца.
Најмладата жртва е шестмесечно бебе. Утрово, двата пожари се ставени под контрола, но не се целосно изгаснати. Во гаснењето на пожарите учествувале над 600 пожарникари со над 400 возила, седум канадери и 10 хеликоптери.
