(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Гостивар однесе еден човечки живот
Страшна сообраќајка незгода се случила попладнево на патот Гостивар – Кичево во близина на Здуњски мост во која животот го загуби 56 годишен Гостиварчанец.
Информациите на МВР велат дека се судирле камион со тетовски регистарски таблици и автомобил БМВ при што возачот на БМВ-то загинал на лице место додека возачот на камионот се здобил со телесни повреди и во моментов се наоѓа во гостиварската болница.
Камионот е во многу лоша положба после судирот и постои опасност да се преврти од мостот и да падне во провалија.
Надлежните работат на утврдување на причините за незгодата, а на патот Гостивар-Кичево е проодна една лента додека возилата се пропуштаат наизменично.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/_TX56IP1oHE[/embed]Фото-видео: Глоби.мк
Слично
