Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Страшна несреќа: Експлодира термоцентрала во Приштина

(ВИДЕО) Страшна несреќа: Експлодира термоцентрала во Приштина

Јака експлозија одекна денеска околу 11 часот во објектите на термоцентралата Косова А во близина на Приштина. Официјални инфoрмации тврдат дека има повредени и загинати лица.

Според информациите на приштинскиот весник „Експрес“  единаесет луѓе се повредени и се наоѓаат во КБЦ во Приштина. Според неофицијални извори засега мртви се три лица.

Директорот на производството на КЕК Арбен Џука изјави дека експлозијата била многу јака. „Се`уште не знаеме колку лица се повредени и дали има мртви“, рече тој.

Од друга страна претставник на Одборот на директори на Косовската електро-енергетска корпорација Берат Рукичи потврди дека експлозијата се случила во погонот на електролизата, и според прелиминарните информации причината за експлозијата е плин.

„Коха Диторе“ пак соопшти дека во експлозијата во електраната загинале четири лица а бројот на повредени стигнала до 14.

Премиерот на владата во Приштина, Хашим Тачи изјави дека сите вработени ја напуштиле електраната, бидејќи опасноста се`уште демне.

„Нема потреба за паника или евакуација на населението. Ги повикувам граѓаните на слидарност“, изјави тој.

Експлозијата ги шокираше сите граѓаните во близина на електраната кои веќе почнаа да пријавуваат штети на објектите.

Слично

Поврзани вести