Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРАОТНА ГЛЕТКА: Ова е Мармарис пред и по пожарите

(ВИДЕО) СТРАОТНА ГЛЕТКА: Ова е Мармарис пред и по пожарите

Застрашувачки се снимките од катастрофалните пожари кај турското летувалиште Мармарис. 

Снимката од дрон од малиот крајбрежен град Икмелер снимена пред и по пожарот ги покажува последиците од пожарите кои горат веќе две недели, пренесува Ројтерс. Пожарите оштетија десетици илјади хектари шуми, при што загинаа осум лица, а илјадници луѓе, вклучително и туристи, беа принудени да избегаат.

Општината Мугла објавила дека изгореле 55.000 хектари шуми, што е двојно повеќе од изгорените шуми лани во Турција. Евакуирани се 36.000 луѓе. И Грција се бори со пожари. 


Слично

Поврзани вести