ВИДЕО: Стотици бегалци се качуваат тајно во бугарски камиони
Стотици бегалци се качуваат тајно во бугарски камиони, надевајќи се дека ќе ја преминат границата незабележано, а досега повеќе од 200 бугарски возачи биле казнети за превоз на имигранти, пренесуваат бугарски медиуми.
Двајца од нив - Љубомир и Никола, минатата недела успеале да фотографираат во Франција со телефон како бегалци се вметнуваат во возилата.
"Стотици бегалци, кои се обидуваат да преминат од Франција за Англија, игнорирајќи ја полицијата, од ништо, почнаа кој каде најде таму да влегува и да се качува", раскажува Љубомир.
Според него оваа практика е со месеци, но властите во Англија и Франција одбиваат да направат нешто околу тоа. Од Националната асоцијација на бугарските превозници побарале помош и од Министерството за транспорт, и на МНР.
Posted by никола златанов on вторник, 16 јуни 2015
