Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО-СТОРИЈА: „Албанија, вратата на џихадот“!

ВИДЕО-СТОРИЈА: „Албанија, вратата на џихадот“!

Италијанската ТВ станица РАИ објави репортажа под насловот „Албанија, вратата на џихадот“ во која се говори за криумчарење на оружје преку Црна Гора.

Исто така, се наведува дека токму оружјето набавено по тој пат е користено во крвавите напади во Париз на 13 ноември.

Репортажата ја пренесе албанската ТВ Ора њуз, а почнува од Скадарското езеро кое ги дели Албанија и Црна Гора, и по кое плови шлепер со оружје и шверцери.

Снимени се двајца мажи како истовараат кутии со оружје и го кријат во близина, откаде утредента го преземаат.

Според зборовите на репортерот тоа оружје е користено во крвавите настани во Париз на 13 ноември, а Балканот го опишува како центар за регрутирање на џихадисти.

Според известувањето на италијанската ТВ1, има повеќе од илјада Албанци кои се борат во странски војни и Албанија е земја која има најмногу џихадисти во однос на бројот на жители.

Во репортажата е опишан и начинот на кој функционира црниот пазар на оружје.

Албански шверцер вели дека најбарани се АК-47, старите советски пиштоли и оружје од поранешна Југославија. Според зборовите на шверцерот калашниковите чинат од 400-450 евра, а бомбите од 60 до 70 евра.

Оружејто тргнува со чамци или рибарски бродчиња од Драч или Валона за да заврши во рацете на мафијата или терористи, се наведува во репортажата, која може да ја погледнете во видеото.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/xB0QiF58vYE[/embed]
Слично

Поврзани вести