Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стоп на народниот грабеж: Се маршираше од Влада до Министерство за финансии

(ВИДЕО) Стоп на народниот грабеж: Се маршираше од Влада до Министерство за финансии

Вечерва во 18 часот група граѓани излегоа на протест да му кажат стоп на народниот грабеж.

Неколку стотици граѓани заедно маршираа од Влада до Министерството за финансии каде извикувајќи „Оставки“ „Одете си“, уште еднаш и порачаа на власта и премиерот да си одат од Владата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/rlqkN4PwGwo[/embed]

Веќе пред самиот крај е 11-от ден како камперите пред Влада кампуваат и спијат во шатори во таканаречениот „Камп на слободата“.

Protesten marsh2

„И по 11 дена кампување пред владата се уште нема оставка и политичка одговорност од Никола Груевски за криминалот и неправдата кои им ги нанесе на граѓаните на Македонија. Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на денешниот марш и заедно да му порачаме да си оди за доброто на сите. Ние не се откажуваме од нашите барања, Груевски мора итно да замине за да престане агонијата во која живееме од неговото владеење“, порачуваат од иницијативата.

После завршувањето на маршот пред Влада ќе има обраќања на новинари, политичари и активисти . Дел од обраќањето ќе бидат Младен Чадиковски, новинар и уредник во неделникот Фокус, Драган Тевдовски –  политичар, Борче Чупетревски – бизнисмен и Крсте Шајноски – универзитетски професор.

Во 20 часот почнува музичка програма со едночасовен диџеј сет на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и рок свирка на групата „Страна Б“ која е планирана да започне во 21 часот.

Слично

Поврзани вести