Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Срушен украински авион, 49 мртви

(ВИДЕО) Срушен украински авион, 49 мртви

Проруски сепаратисти на немирниот исток од Украина срушија голем воен транспортен авион кај Луганск, усмртувајќи 49 лица во него, јави утрово BBC.

Авион од типот Иљушин-76, кој превезуваше војници и воена опрема, се најде на удар на противавионските огани додека се приближуваше кон аеродромот во Луганск.

Украинското министерство за одбрана соопшти дека терористите „цинично“ отвориле оган над авионот.

Како што јавува Асошиејтед прес, до нападот дошло во текот на ноќта.

BBC пишува дека пред помалку од недела дена проруски сепаристи тргнале во серија напади на украинските сили на меѓународниот аеродром во Луганск.

Аеродромот е под контрола на владините сили, но бунтовниците го држат поголемиот дел од градот.

Проруските сепаратисти ги завземаа владините згради, на брзина спровеле референдум за независност и побарале спојување кон Русија.

Украина тврди дека Русија ги поддржува сепаратистите, а Москва го негира тоа.

Во досегашните борби на територијата на Луганск загинаа најмалку 270 лица.

Слично

Поврзани вести