(ВИДЕО) Српски политичар хит на интернет: „Кај ме најде, таман заспав!“
Српскиот политичар Горан Богдановиќ, член на Новата демократска партија, стана хит на социјалните мрежи.
На седница на српскиот Парламент, претседателката Маја Гојковиќ го повикала да земе збор. Изненаден од повикот, Богдановиќ станал и рекол „Каде ме најде? Таман заспав!“.
Набрзо после тоа го продолжил говорот пред пратениците, кои навистина ги насмеал со својот испад на долгата и веројатно по малку досадна собраниска седница.
http://www.youtube.com/watch?v=5KY7cFYogRo
Слично
