Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Српски хеликоптери го надлетуваат административниот премин со Косово

(ВИДЕО) Српски хеликоптери го надлетуваат административниот премин со Косово

Три хеликоптери на српската војска се над административниот премин со Косово. 

Единиците на косовската полиција РОСУ сè уште се присутни на административните премини, а Србите и натаму протестираат.  

Дел од косовските медиуми јавија дека на Јариње има двајца руски и еден белоруски државјанин, тврдејќи дека тие работат заедно со српската Безбедносно-информативна агенција, во организација на протестите на преминот Јариње. Од амбасадата на Русија во Србија соопштија дека преку канцеларијата во Приштина ја провериле веста која се појавила кај косовските Албанци и целиот настан го оценија како самоволие. 

Србите се незадоволни од одлуката на владата на Косово за замена на српските таблички со привремени косовски, замена која чини пет евра.

Србија не преговара со пиштол вперен во чело, вели српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин. 

Според него, доколку Приштина сака разговори со Белград, прво треба да ги повлече единиците на Росу од северот на Косово. Тој рече дека Србија сака мир на Косово, но и дека српската жандармерија ќе ја исполни секоја наредба на претседателот Александар Вучиќ. 

foto EPA-EFE

Слично

Поврзани вести