(ВИДЕО) Српски бизнисмен продава јахта за 19 милиони евра
Српскиот милијардер Филип Цептер одлучил да ја продаде својата јахта „JoyMe“, а за неа бара 19 милиони евра.
Јахтата е долга 50 метри и има капацитет за 12 гости во шест луксузни климатизирани кабини. Освен ова на неа има место и за 11 членови на посадата во посебен одвоен простор.
На долната палуба се наоѓа фитнес сала, сауна и спа. На главната палуба се сместени четири кабини, трпезарија и главен салон. Секоја кабина со гости има голема бања. На најгорната ВИП палуба се наоѓаат кабините за сопствениците, додека на најгорната платформа за сончање има и џакузи.
Филип Цептер ја претстави својата прва јахта „JoyMe“ на изложба во Монако во 2011 година. Тогаш беше презентирано дека е вредна 30 милиони евра и беше првиот пловен објект на компанијата „Филип Цептер јахти“. Еве како изгледа оваа луксузна јахта:
http://www.youtube.com/watch?v=A_uZ4HztAfg
Слично
