Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Српски авиони летале близу Косово, Косовците се исплашија

(ВИДЕО) Српски авиони летале близу Косово, Косовците се исплашија

Претседателот на општина Прешево – Шќиприм Арифи, вели дека српски авиони го прелетале воздушниот простор на границата меѓу Косово и Србија, пренесува Lajmi.net.

Прелетувањето на авионите на војската на Србија предизвикале загриженост меѓу тамошното население, пишуваат албанските медиуми. Арифи ги повикал граѓаните „да се воздржат од провокации“. Албанските портали објавија и снимки од авионите, кои над Прешево летале 20-тина минути. Според неофицијални информации, се работи за 4 борбени авиони кои надлетувале во близина на административниот премин со Косово. Теновиве има тензии на Косово откако претставник на српската Влада беше уапсен во Косовска Митровица, а потоа и ослободен. Српска листа најави формирање на Заедница на српски општини. 


Слично

Поврзани вести