(ВИДЕО) СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА МОБИЛИЗИРАНА: Потера по педофил кој грабнал 12 годишно девојче
Србија е на нозе, поради потера по педофил кој киднапирал 12 годишно девојче.
Се бара Моника Каримановиќ, која најверојатно ја грабнал Нинослав Јовановиќ, познат како Малчанскиот бербер.
Девојчето исчезнало во петокот, а последен пат е видено во утринските часови кога тргнало во училиште. Српските медиуми пишуваат дека Јовановиќ прекарот го добил поради неговиот морничав фетиш да ги потстрижува своите жртви пред да ги силува, за што и тој самиот пред суд изјавил дека го возбудува.
Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал девојче од 12 години. Повторно завршил во затвор, од каде излегол лани. Потоа почнал да прогонува жени на социјалните мрежи.
Извори блиски до полицијата тврдат дека девојчето е живо и дека Јовановиќ ја носи со себе низ шумски предели.
„Од петокот кога мајката го пријави нејзиното исчезнување ова е исклучителен приоритет и ангажиравме 300 полицајци, хеликоптерски единици, кучиња трагачи, ги користиме сите мерки за пронаоѓање на малата моника изјави, шефот на полицијата Владимир Рбич.
По целоноќната потрага по девојчето од Ниш и грабнувачот од околината на Књажевац, потрагата е проширена и на околните села.
Српските медиуми информираат дека постои сомнение дека Јовановиќ и девојчето од Малча до Књажевац се превезени со еден камион со босанска регистрација.
Како што неофицијално се дознава, киднаперот со жртвата е виден на патот Ниш-Зајечар, пре да започне големата акција на полицијата.
Како што потврдил извор, возачот е сослушан во полиција и пуштен затоа што во тој момент немало распишана потерница, додека возилото било задржано поради форензичка анализа.
Фокусот на истрагата се преместува кон селото Глоговац, откако во Подвис не се најдени никакви нови траги.
Досега се најдени нејзиниот училиштен ранец и јакна која му припаѓа на Јовановиќ. Во една од претресените куќи најдена е коса за која полицијата верува дека е на Моника.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека цела ноќ бил во контакт со директорот на полицијата Владимир Ребиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ поради киднапирањето на девојчето.
