(ВИДЕО) Средношколците заклучени и уценувани да не излезат на марш
Средношколци од седум средни училишта во Битола, денеска излегоа на протест против, како што велат, лошите реформи во образование.
Меѓу нив излегоа оние што можеа, бидејќи велат дека голем број од средношколците биле заклучувани и уценувани од надлежните во училиштето.
Средношколците се пожалија на притисоци да не излегуваат на протести, и велат дека на учениците од гимназијата „Јоспи Броз Тито“ им биле заклучени и вратите.
„Денес на учениците од „горната“ гимназија им беше загрозено правото на слобода, бидејќи вратите од училиштето беа заклучени и имаше притисок од директорот и наставниците кои се закануваа дека сите што ќе одат на протести, ќе бидат казнети“, изјави Дамјан Неделковски од Средношколскиот пленум од Битола.
Средношколскиот Пленум објави и видео на кое покажуваат дека за време на маршот вратите на гимназијата се заклучени.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=uyoAtlCdCAw[/embed]„Реномирана, елитна и денес заклучена горна гимназија „Јосип Броз-Тито“. Имено, учениците беа заклучени и не можеја да присуствуваат на маршот. На учениците им било кажано дека вратите се заклучени поради инспекцијата и дека треба да се вратат на час. Учениците се обиделе да му појаснат на директорот дека законски, никој не смее да го загрозува нивното право на слободно движење и дека 2 неоправдани изостаноци нема да им штетат, што се покажа како неуспешно. Некои од учениците успеале да излезат, додека останатите останаа затворени во училиштето до завршувањето на 6тиот час. Потоа, психологот поминал низ сите училници и ги запишувал отсутните ученици во тетратка“, пишува Средношколскиот пленум на нивниот Фејсбук профил.
Директорот на гимназијата „Јосп Броз Тито“, тврди дека вратите во училиштето се отворени за време на одморите, но кога почнува наставата, од безбедносни причини, вратите се заклучувале.
Инаку, битолските средношколци денеска маршираа против задолжителното полагање математика на државна матура и концептот на екстерно тестирање.
Тие својот марш го започнаа од средното медицинско училиште, низ Широк Сокак до општинската зграда, носејќи пароли „Стоп за лошите реформи“, „Не сме овци за стрижење, туку мислиме со наша глава“, и „Денешната борба создава ново утре“.
