(ВИДЕО) Средношколци во Битола се соочуваат со директни закани!
Денес точно напладне битолските средношколци со транспаренти во раце и свирчиња излегоа на протестен марш изложувајќи ги нивните две барања:
– укинување на екстерното тестирање; – враќање на стариот модел на државна матура
Пред самиот почеток на маршот истите се соочиле со низа закани за кои говори видеото подолу, но сепак притисоците не успеале да влијаат врз планираниот марш .
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/rMVEkc862XA[/embed]Средношколците од пред Медицинското училиште, преку Широк сокак се упатија пред општина Битола каде што побараа средба со советникот за образование. Денеска средношколците ја имаа поддршката и од родителите и од студентите.
„Излегуваме на марш затоа што сме игнорирани од Министерството за Образование и Наука! Затоа што откако со години го малтретираа, го убија средното образование! Образованието е јавно добро и е коренот на општеството. Од него произлегува сè останато. Наша обврска и општествена одговорност е да се бориме за квалитетно образование. За нас, за нашето општество! Со квалитетот нема компромис, за квалитет не се преговара. Затоа, да маршираме во борбата за подобро образование и во борбата за подобро општество!“ - велат средношколците.
Во изминативе денови после маршот во Скопје, низ улиците на Куманово, Ресен, Кавадарци, Велес и Неготино, Делчево и други градови ученици излегоа на протест.
До крајот на неделава министерот Адеми ќе оствари средба со Средношколскиот пленум.
