(ВИДЕО) Средниот прст на Јанис Варуфакис кон Берлин се покажа како фалсификат
Германски телевизиски презентер призна дека го фалсификувал видеото, каде што гледа како грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис покажува среден прст за Германија, пренесе агенцијата „Франс прес“.
Јан Биомерман, водител на сатирична програма „Neo Magazin Royale“ во јавната телевизија „ZDF“, изјавил дека од неделата наваму очекувал некој да се поврзе со него, за да им објасни за автентичноста на материјалот, но никој не го направил тоа.
Телевизијата „ARD“ емитуваше видеоснимка од 2013 година, во која Јанис Варуфакис, кој ја презеде функцијата министер за финансии на Грција во јануари оваа година, покажува недостоен гест кон Берлин за време на неговото предавање во Хрватска. За време на настанот Варуфакис вели дека би било подобро Грција да банкротира во 2010 година, отколку да ги прифати условите на спасувачката програма на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
На видеоснимката, објавена во средата вечер на интернет страницата на „ZDF“, Биомерман, насмеан, признава дека навредувачкиот гест бил креиран од него. Потоа тој објаснува како се манипулира со записот.
Случајот предизвика скандал, на кој се додаде дополнителна тензија и без тоа ги затегнаа односите меѓу Германија и Грција. Самиот Варуфакис негира категорично дека покажувал среден прст и изјави дека видеото е монтажа.
