(ВИДЕО) Србите запалија косовско знаме на протестот во Белград
Пред црквата Свети Сава во Белград синоќа имаше протест за поддршка на Србите на Косово. Десничарските организации во Србија го организираа протестот.
Еден од организаторите им се обрати на насобраните. Тој беше маскиран и не сакаше да го открие идентитетот, туку само кажа дека е од Косово. Човекот порача дека не сака „никаква Заедница на српски општини“ и дека Косово е дел од Србија.
Тие извикуваа „Србите и Русите браќа засекогаш“, како и „Нема поделба, Косово е дел од Србија“. Демонстрантите пред Претседателството на Србија го запалија знамето на Косово.Високиот претставник на Европската Унија, Жозеп Борел, ги повика Приштина и Белград да му се вратат на дијалогот.
Косовските власти го уапсија Дејан Пантиќ, кој порано работел во полиција, по што Србите на Косово поставија барикади.
Пантиќ денеска добил лекови затоа што мора редовно да прима терапија. Српскиот претседател Александар Вучиќ ја нападна Германија и рече дека биле лицемерни.
Слично
