Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СРБИТЕ ПРОТЕСТИРАА ВО МИТРОВИЦА: Порачаа дека нема враќање назад

(ВИДЕО) СРБИТЕ ПРОТЕСТИРАА ВО МИТРОВИЦА: Порачаа дека нема враќање назад

Србите денеска протестираат во градот Косовска Митровица, поради потезите на Приштина и апсењата на Србите во градот.

Ја обвинија Приштина за насилство над нив. 

Сецијалната полициска единица РОСУ упадна на северот на Косово иако според Резолуцијата 1244 на ОН единствена оружена формација смее да биде само КФОР.

„Сакаме да испратиме јасна порака за медиумите, за Приштина, Брисел и ЕУ дека ова се мирни протести и не би сакале некој да ги извлече од контекст и овој протест да го нарече поинаку. Ова е мирен, демократски и цивилизиран начин да ѝ одговориме на Приштина на нивните брутални, недемократски и нецивилизирани одлуки, или како да ги наречеме а да не ги навредиме“, им порача поранешниот градоначалник, Горан Ракиќ на насобраните граѓани.

Порачаа дека нема назад и дека Приштина не почитува ништо од она што е договорено. 

Градоначалниците на четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово, Стеван Вуловиќ од Зубин Поток, Вучина Јанковиќ од Звечане, Зоран Тодиќ од Лепосавиќ и Горан Ракиќ од Северна Митровица, поднесоа оставка.


Слично

Поврзани вести