Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Србите на Косово излегоа на протест со српско знаме долго 250 метри

(ВИДЕО) Србите на Косово излегоа на протест со српско знаме долго 250 метри

Србите на протестот на Косово излегоа до огромно српско знаме долго 250 метри. 

Тие бараат Приштина да ги ослободи тројцата уапсени Срби. Веќе 13 дена се на барикадите.  Велат дека никој не може да им го одземе Косово и Метохија затоа што тоа е срцето на Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека денешниот собир е „голем, народен и демократски протест“ на сите Срби од Косово. Вели дека во поддршката на своите сонародници „нема да се крие од големите и моќните во светот“, но дека ќе биде „доволно одговорен“ да ги повика „да го зачуваат мирот, смиреноста, толеранцијата и трпението“. Српскиот претседател кажа дека за да се вратат во институциите, Србите бараат формирање Заедница на српски општини. 

Во земјава, претседателот на ДУИ, Али Ахмети негира дека заговарал поделба на Косово.

Видеото можете да го видите овде. 

Слично

Поврзани вести