Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Србите играа оро во Лепосавиќ, а градоначалникот повеќе од 30 часа поминал во општинската зграда

(ВИДЕО) Србите играа оро во Лепосавиќ, а градоначалникот повеќе од 30 часа поминал во општинската зграда

Во северно Косово вчера беше многу тензично, а градоначалникот на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми повеќе од 30 часа поминал во општинската зграда, додека граѓаните биле надвор. 

Барањата на граѓаните се Хетеми да ја напушти зградата на општината, но и специјалната полиција да се повлече. 

Србите во Лепосавиќ вчера донесоа озвучување пред општинската зграда и со песна протестираат против обидот на новоизбраниот градоначалник Љуљзим Хетеми да ја окупира и узурпира оваа зграда со помош на припадници на косовската полиција.

Покрај патриотските песни како „Весели се српски роде“, на озвучувањето се пушташе и „Ужичко Коло“, а присутните играа оро.


Војници на италијанскиот КФОР во голем број се стационирани на платото во центарот на Лепосавиќ. Тука се и возилата на специјалните единици на косовската полиција. Главниот пат Лепосавиќ – Северна Митровица е прооден, но покрај патот се распоредени полициски патроли. Административниот премин Јариње е отворен за сообраќај.

Вчера во Звечан имаше над 50 повредени Срби, но и припадници на КФОР. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести