Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Србин спаси бебе oд поплавите во Италија

(ВИДЕО) Србин спаси бебе oд поплавите во Италија

Србин во Италија спаси мајка и бебе од давење.

Во регионот Емилија-Ромања, Ѓорѓе Пантиќ помогна да се спасат две лица од поплавите. Водата беше до еден метар. Меѓу луѓето кои скокнаа во водата и успеаја да допливаат до нив и да ги спасат е и Пантиќ. Ѓорѓе го зема бебето од прегратките на мајката и го стави на рамениците. Жената го следеше. Водата им беше речиси до рамениците. Бебето го донесе на безбедно, а луѓето и помогнаа на исплашената жена да се пробие низ водата. Пантиќ работи во Италија како готвач, а инаку е син на познатиот писател Михајло Пантиќ. Најмалку шест лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по поплавите што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања. Излевања на реки и поплави има во Хрватска и во БиХ. 


Слично

Поврзани вести