Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Србија го затвори воениот детски камп на Златибор

(ВИДЕО) Србија го затвори воениот детски камп на Златибор

Српската полиција го затвори парамилитарниот младински камп организиран од, како што јавија српските медиуми, руски и српски ветерански и патриотски групи на на Златибор.

Ова следи по реакции во јавноста. Власите велат дека на летниот камп на планината Златибор учествувале деца на возраст од 12 години и возрасни над 23 години. Вкупно 34 мажи и 12 жени присуствуваа на еднонеделниот „Младински патриотски камп Златибор 2018“. Присутните на кампот беа од Србија, Црна Гора, и БиХ. Владата соопшти дека кампот е затворен „поради можни злоупотреби на деца“ и дека учесниците се пратени дома. Потегот на здруженијата го критикуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој порача дека така не се создава иднина за Србија.

„Тоа што се случи на Златибор со нашите дечиња и тинејџери, би ги замолил родителите, и кога би го правеле не треба да се прави во униформи. Нас како земја тоа не ни треба и такви работи државата Србија нема да толерира“- рече Вучиќ.

Во кампот кој требало да биде отворен од 9 до 18 август, учествувале триесетина деца и младинци на возраст од 14 до 23 години, кои учеле основни техники на преживување во природа, вклучувајќи и како да се однесуваат во борба.

„Тие деца треба да учат, да работат за утре да бидат и добри војници, но се знае кога е време за војска, кога за училиште и кога за други работи“- кажа Вучиќ. 

Во тек се завршните фази на расклопувањето на тој камп така што тој повеќе не постои.


Слично

Поврзани вести