Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СРБИЈА Е ПОД ВОДА: Се урна мост кај Чачак

(ВИДЕО) СРБИЈА Е ПОД ВОДА: Се урна мост кај Чачак

Србија е под вода. Се урна мост кај Чачак, а вонредна состојба е на сила во 52 града и општини.

Мостот на Западна Морава, кој ги поврзува чачачките села Мрчајевце и Слатина, рано утринава е целосно уништен пред поројните дождови и обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и околината.

Најкритично е во околината на Краљево. Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во Адране кај Краљево, па сообраќајот на тој дел од автопатот е во прекин. Поплавниот бран се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.

И во соседна Бугарија, во селото Боровци е оштетен мост. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести