Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СРБИ ПРОТЕСТИРАА ВО ГРАЧАНИЦА: Албанец со автомобил влета во толпата и повреди маж

(ВИДЕО) СРБИ ПРОТЕСТИРАА ВО ГРАЧАНИЦА: Албанец со автомобил влета во толпата и повреди маж

Протест денеска се одржа во Грачаница поради апсењето на Драгиша Миловиќ, при што возило помина низ толпата, а маж е повреден. На лице место дојде брза помош. 

Голем број луѓе се собраа пред полициската станица во Грачаница на протест за да го изразат својот револт.

Косовската полиција денеска го уапси Миленковиќ под обвинение за наводни воени злосторства. Косово онлајн објави дека мештаните успеале да го блокираат патот, иако полицијата ги спречила во тоа.


Косовските власти деновиве уапсија неколку Срби, а претходно Србија уапси тројца косовски полицајци во централна Србија. Србија бара Косово да ги ослободи уапсените Срби, и обратно, Приштина бара Белград да ги ослободи уапсените полицајци. Западот повика на деескалација. 

Дури и унгарскиот премиер, Виктор Орбан, вчера при посета на Србија го замолил српскиот претседател Александар Вучиќ да ги пушти косовските полицајци. Тие се во притвор во Краљево. 

Шок бомба вчера e фрлена пред кафуле во кое биле пратеници од опозицијата во Косовска Митровица. Инцидентите не запираат. 

foto printskrin

Слично

Поврзани вести