Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Срамнет е со земја ресторанот на Албанецот кој нападна туристи од Шпанија

(ВИДЕО) Срамнет е со земја ресторанот на Албанецот кој нападна туристи од Шпанија

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи.

Тој на 21 август нападна шпански туристи и се обиде да го запре нивниот автомобил затоа што не ја платиле сметката.

Туристите, наводно, биле незадоволни од услугата, а од ресторанот тврдат дека гостите не ја платиле сметката.

Шпанските медиуми пишуваат дека жртва на инцидентот бил шпанскиот бизнисмен Евгенио Галдон и неговото семејство. 

За да го запре автомобилот во кој се превезуваат туристите скокнал на хаубата, при што ја скршил шофершајбната и така се возел пет километри.

Уривањето е извршено по наредба на албанските власти, кои го демолираа неговиот ресторан во Порто Палермо, популарно одморалиште во јужна Албанија, јави ТВ „Клан“.

Сопственикот на ресторанот, Михал Кокедима, е уапсен откако нападнал тројца шпански туристи и двајца Албанци. Државните органи утврдиле дека ресторанот немал дозвола за работа и дека три години не плаќал данок.


Слично

Поврзани вести