Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Спречен новиот обид за протести, каменувана зградата на општина Чаир

(ВИДЕО) Спречен новиот обид за протести, каменувана зградата на општина Чаир

Денес околу 13.30 часот, 30-40 претежно малолетни агресивни лица се собраа пред џамијата Јаја паша во Скопје, по што во 13,55 часот започнаа да се движат кон ул. “Џон Кенеди“. Кратко се задржаа и во 14,20 продолжија да се движат кон Општина Чаир каде во 14,40 почнаа да фрлаат со камења кон зградата, информираат од МВР.

Во 14,45 часот, поради нарушениот ЈРМ полицијата кратко интервенира по што масата започна да се движи према Чаирчанка. Во 15,20 часот на ул.“Цветан Димов“, по претходно повторно фрлање со камења од страна на масата, започнато е со лишување од слобода при што приведени се 3 лица и спроведени во ПС ОН Кисела Вода.

Во моментов се работи на утврдување на нивниот идентитет. По ова, толпата се растури, а полициските службеници продолжуваат со соодветно обезбедување на критичните локации и следење на безбедносната состојба.

 (видеото е превземено од веб сајтот мкд.мк)
Слично

Поврзани вести