Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Специјалните единици удрија по студентите, Пленумци со модринки од ЕБР

(ВИДЕО) Специјалните единици удрија по студентите, Пленумци со модринки од ЕБР

Тензични, нерегуларни, насилно спроведени избори за студентски лидер кои доцна синоќа ескалираа.

Вака накратко може да се опише вчерашниот ден кога студентите требаше да го изберат својот нов претседател, и покрај тоа што СПУКМ изборите ги прогласи за успешни.

Пленумците уште пред неколку дена го најавија бојкотот и непризнавањето на овие избори, поради како што велат дека Парламентот функционира веќе 3 години на нелегален начин и е нелегитимен претставник на студентите, избран по желба на власта.

Уште во текот на денот изборите беа проследени со низа нерегуларности и тензична атмосфера на дел од факултетите.

glasanje UKIM (5)

Гласањето наместо тајно, се одвивање јавно бидејќи немаше паравани.

glasanje UKIM (8)

Од Правниот факултет насилно беа изнесени глсачките кутии од нелегитимни претставници и вработени во администрацијата кои според сведоштвата на Студентите се дел од Унијата млади сили на владеачката партија. Тогаш студентскиот пленум укажа на кражба на избирачките кутии, а според статутот, гласачките кутии се отвораат на факултетите и гласовите треба да бидат пребројувани јавно.

glasanje UKIM (7)

Гласачките места беа затворени во 16 часот, а академската фела од пленумот тогаш се упати кон канцелариите на СПУКМ каде што се носеа гласачките кутии.

Токму таму состојбата кулминираше. Студентскиот пленум пред канцелариите на СПУКМ го блокираше влезот и обвини за лажирање на резултатите и побараа да бидат поништени изборите.

ebr spukm

Полициски специјалци и околопни возила дојдоа пред седиштето на Студентскиот парламент при УКИМ донесувајќи ги избирачките кутии од сите факултети, а комисијата при обидот да ги внесе избирачките кутии во СПУКМ беше спречена од страна на студентскиот пленум, при што интервенираше ЕБР.

Тие насилно ги извлекоа студентите од ходникот и кутиите беа внесени во СПУКМ а пленумот на актуелниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски му поставија ултиматим да ги поништи изборите или нема да се повлечат од зградата.

Единицата за брзо распоредување со своите штитови ги избутка студентите на улица, надвор од дворот на факултетите, а  тие извикуваа „Стоп за полициска бруталност“ и „срамота “.

Во видеата може да ја погледнете атмосферата, а од фотографиите се забележува и дека ЕБР при насилното однесување кон студентите им нанеле повреди и модринки на неколкумина пленумци.

modrinki modrinki1

Стефан Василевски и Давор Поповски пак беа двајцата кандидати кои се бореа за претседателското сточе. Од резултатите се дозна дека Давор Поповски е избран за нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Студентите и многумина граѓани и организации се прашуваа зошто полицијата по нарачки на власта се однесува насилнички кон студентите? Прашаа дали ова е начинот на кој ги организирале и лажирале и изборите ?
Слично

Поврзани вести