Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО:Спасовски вети дека Владата на СДСМ ќе се бори против корупцијата

ВИДЕО:Спасовски вети дека Владата на СДСМ ќе се бори против корупцијата
Министерот за внатрешни работи и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски денеска беше меѓу граѓаните на Аеродром, со кои разговараше за актуелнатa политичка ситуација и за секојдневните проблеми. Тој вели дека на следните фер и демократски избори ќе се случат промени, а Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат минато. „Новата, одговорна влада предводена од СДСМ бескомпромисно ќе се бори против корупцијата и криминалот. Нема да дозволиме да има селективна правда во Македонија. Ќе изградиме едно напредно, успешно општество каде што секој граѓанин ќе живее во слобода, ќе ужива правда, сите граѓани ќе бидат еднакви“ - изјави Спасовски. За хаосот што настана со избирачкиот список, прашуваа жителите на населбата. Дел од граѓаните кажаа дека нашле неправилности во списокот. „ДИК треба да го исчисти избирачкиот список и ниту една бројка, ниту еден глас, да не може да биде злоупотребен. Ништо нема да го спаси Груевски од одговорноста за изборниот криминал. Мора во целост да се прочисти избирачкиот список и секој граѓанин слободно да може да го даде својот глас. Никој нека не размислува за криминални избори, бидејќи тоа нема да го дозволиме. Законот е јасен и предвидува казни затвор од 3-5 години. Секој што го прекршил законот ќе одговара“ - рече Спасовски. Спасовски при посетата во Аеродром беше придружуван од членот на извршниот одбор на партијата, Дарко Давитковски. https://youtu.be/uF3KIIBW7DM [embed width="750" height="500" ]http://https://youtu.be/uF3KIIBW7DM[/embed]
Слично

Поврзани вести