Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Совети за заштеда на гориво во возилото

Видео: Совети за заштеда на гориво во возилото

Експерти од Chevrolet откриваат неколку совети како да заштедите на гориво во текот на возењето и подобро да го управувате возилото. Според нив најдобра просечна брзина е од околу 60 километри на час во градска вожња со тоа што додека ја одржувате брзината на идентично ниво поефикасно ќе се користи горивото. 

Секако, тоа секогаш не е возможно во градски средини, па затоа треба да се внимава на кочењето и потоа на забрзувањето. Затоа треба да предвидите на кое место ќе застанете и однапред да започнете со забавување на брзината што ќе ги растовари ротациите на моторот. Гумите се многу важни за општите перформанси на возилото, па затоа секогаш проверувајте го оптималниот притисок во нив. 

Според тестовите на Chevrolet возењето со клима уред ја зголемува потрошувачката на гориво, па затоа кога возите со помала брзина подобро е да ги отворите прозорците, секако тоа не важи за поладни временски прилики. Но, кога возите над 60 километри на час поради самата аеродинамика и отпорот на воздухот отварањето на прозорци е контрапродуктивно и поекономично е да се активира клима уредот.


Ова се само мали совети кои може да ги применувате во секојдневното возење кои ќе ве натераат да бидете и подобар шофер прилагодувајќи го возилото за поефикасни перформанси.


Слично

Поврзани вести