Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Собранието пак обоено, синот на Дац утринава сакале да го приведат

(ВИДЕО) Собранието пак обоено, синот на Дац утринава сакале да го приведат

Барикадите кои полициските сили ги поставија за вечерашниот протест не помогнаа и не ги спречија демонстрантите да го обојат Собранието.

Сепак со помош на чатали успеаја да ја ишараат институцијата, а пред присутните и насобрани демонстранти актерот Драган Спасов Дац одржа краток говор.

Тој истакна дека е горд што е дел од оваа револуција притоа откри дека утринава полициски сили се обиделе да го приведат.

-Јас сум Драган Спасов-Дац и сум хулиган. Горд сум што што сум тука и што гледам секој ден на улиците слободоумни луѓе. Утрово сакаа да го приведат син ми, зашто учествува во Шарената револуција. Да беше дома, сега ќе беше во притвор. Чавков, мојот син не се плаши. Ниту овие луѓе. Не нарекуваат секташи, хулигани, зашто им гори под нозете. Ама готово е Груевски, пикнат си во ќош со симнати панталони и се чека денот кога ќе се наведнеш, рече актерот.

Марјан Ристески од Левица пак побара слобода за приведените демонстранти и порача дека демонстрантите нема да се откажат од борбата за остварување на барањата.

Видео-фото Радио МОФ
Слично

Поврзани вести