Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Собираат шишиња за синот да студира информатика

(ВИДЕО) Собираат шишиња за синот да студира информатика
Осумнаесетгодишниот Томе Кириази од Битола нижи први, втори и трети награди на меѓународни натпревари по математика и физика, а учествуваше и на Светскиот натпревар по астрономија и астрофизика во Романија. На ова младо момче природните науки му лежат, а неговите родители иако едвај врзуваат крај со крај прават се за да му ги овозможат сите услови да се школува и да ги негува своите интереси. Семејството Кириази живее во минимални услови за живот, во куќа која не е нивна. „Јас и мажот ми се трудиме колку што можеме да му овозможиме и покрај тешките кризи“, изјави Зорка Кириази, мајка на Томе. Томе оваа година се запиша на новиот факултет во Битола, на Факултетот за информатички и компјутерски технологии, на отсекот за компјутерски инженер, а како хоби вели дека ќе ја задржи астрономијата. Родителите препознавајќи го квалитетот на своето дете, го поддржале во се и покрај недостатокот на материјални средства. Повеќе во видео-сторијата на ТВ Тера: http://www.youtube.com/watch?v=F3L95e8BywU
Слично

Поврзани вести