Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СО „ПОРШЕТО“ НА ТАТКО СИ НАПРАВИ МАСАКР: Загина синот на сопственикот на „Џамбо“, уби дете и уште две лица!

(ВИДЕО) СО „ПОРШЕТО“ НА ТАТКО СИ НАПРАВИ МАСАКР: Загина синот на сопственикот на „Џамбо“, уби дете и уште две лица!

Синот на сопственикот на ланецот продавници „Џамбо“, Џорџ Вакакис (24) загинал вчера во кобна сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Атина-Ламија.

Тој, возејќи го „поршето“ на татко му со огромна брзина излетал од патот и влетал на паркинг каде што се забил во паркиран автомобил „хонда“. Ударот бил толку силен што двете возила експлодирале во секундата.


Во оваа страшна несреќа загинале Џорџ Вакакис, неговиот пријател, кој се наоѓал во „поршето“ како и жена (33) и нејзиното тригодишно девојче кои биле паркирани во „хондата“.

Сопругот на несреќната жена ја оставил неа и ќерка си во автомобилот на паркинг, за да отиде во тоалет.

Кога ја слушнал експлозијата, излетал надвор и го видел возилото во пламен.

Притрчал кон возилото за да и помогне на својата жена и ќерка, но како што рекле очевидци тоа било невозможно.

Телото на Вакакис било целосно јагленисано, а неговиот пријател, кој од силината на ударот излетал од „поршето“ е пронајден десетина метри од несреќата.

Слично

Поврзани вести