Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО:Со герила акција битолчани побараа оставка од градоначалникот

ВИДЕО:Со герила акција битолчани побараа оставка од градоначалникот

Членови на „Битолското движење“ денеска упаднаа на промоција на книга од Љубиша Георгиевски во градската битолска библиотека, каде присуствуваше и градоначалникот Владимир Талески и побараа негова оставка.

Тие во салата оставија маичка на која пишуваше „Поддршка за СЈО“.

„Оставка градоначалниче, предаjте се“- рекоа и извадија бело знаме.

Активистите од „Битолско движење“ неколку пати досега организираа герила акции.

Тие Талески го чекаа со транспарент „Честито аболиција“, фрлаа врз него лажни банкноти од 360.000 евра, сума за која СЈО го сомничи Талески за малверзации со ученички превоз.

Активистите најавуваат нови активности и нема да запрат.

ОСТАВКА ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ, ПРЕДАЈТЕ СЕ !!!!!!!Бело знаме за Двојче на промоцијата на Љубиша Георгиевски ГДОМ-ецот. #ostavka #bitolskodvizenje Posted by Битолско Движење on вторник, 7 јуни 2016
Слично

Поврзани вести