Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Снимка по незапамтената верижна несреќа во Србија: Возилата на брза помош едвај се пробиваат до повредените

(ВИДЕО) Снимка по незапамтената верижна несреќа во Србија: Возилата на брза помош едвај се пробиваат до повредените

Голем верижен судир се случил на автопатот Белград-Нови Сад утрово околу 8.30 часот на наплатната рампа кај Стара Пазова.

Во верижниот судир учествувале меѓу 30 и 50 возила.

Според последните, но неофицијални информации, едно лице загинало, а меѓу шест и осум се повредени.

На Јутјуб е објавено видео од оваа ужасна несреќа со дрон. Како што може да се види на видеото, прво дошло до судир меѓу камионот и белото комбе, а после тоа дошло до сообраќајна несреќа.


На видеото се гледа како три возила на брза помош едвај се пробиваат до повредените, како и се обидуваат да му помогнат на едно лице на тревата покрај патот.


(Izvor: Kurir.rs)

Foto: Printscreen/Youtube

Слично

Поврзани вести