(ВИДЕО) Снимка од скандалозната пресконференција на Столе Попов на „Браќа Манаки“
Битолската телевизија Тера го објави видео материјалот од денешната скандалозна пресконференција на која режисерот на филмот „До балчак“ го нарече отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ - „селска манифестација“. Попов упати и низа други навреди кон новинарите и организацијата на фестивалот, при што влезе и во вербална расправија со директорката на филмскиот фестивал Лабина Митевска.
Еве го видеото од скандалозната пресконференција:
http://www.youtube.com/watch?v=6E5tR7cgbuI
Вчера вечер „До балчак“ ја имаше својата премиера на Интернационалниот фестивал на филмска камера. И самиот режисер оцени дека премиерата била успешна, а сите влезници распродадени. И покрај најавите дека пред премиерата ќе протестираат битолските дуќанџии за да си ги побараат парите кои не им беа исплатени затоа што нивните продавници беа затворени за време на снимањето на филмот, протестите не се случија, а премиерата помина мирно.
Слично
