(Видео) Снимка од дрон прикажува огромен број на бегалци заглавени на границата со Македонија
Снимка од дрон го прикажува огромниот број на бегалци кои со денови се заглавени во импровизирани кампови само на неколку метри од Македонија, на грчката страна на границата.
Фотографот Сакис Јумбасис го снимил „градот од шатори“ на Идомени, кој служи као привремен дом за 7.000 емигранти и бегалци кои се обидуваат да стигнат до Западна Европа.
Најбројни се мигрантите од Сирија но, има и од Ирак и Северна Африка. Причина за застојот во Грција е одлуката на некои земји да го лимитираат слободното движење на мигрантите низ Европа.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/21ZbyBPhvWE[/embed]Претседателот Иванов, денеска од безбедносната конференција на ОБСЕ во Рим порача дека Грција треба што поскоро да се ослободи од мигрантите, но не преку балканската рута .
„ЕУ ги избриша внатрешните граници, без да ги утврди и обезбеди надворешните и сега секоја земја членка треба да ги преземе надлежностите кои ЕУ не успеа да ги спроведе" остро критикуваше Иванов.
Иванов заклучи дека ЕУ е силна колку што е силна нејзината најслаба алка, а тоа во моментов, како што рече Иванов, е Грција.
