(ВИДЕО) Снежно невреме во регионот: Снегот направи хаос
Поради обилни снежни врнежи во Хрватска и Босна и Херцеговина дошло до нарушувања во сообраќајот, во двете држави поедини места останале без вода и струја.
Во Црна Гора невремето беснее веќе два дена и предизвикува големи проблеми во сообраќајот.
Во Славонија, средниот и северозападниот дел од Хрватска исто така сообраќајот е отежнат.
Температурите на копно се околу нула, додека на море каде во поголем дел паѓа дожд, се околу 10 степени.
Во прекин се многу траектни и бродски линии на сплитскиот и окрузите Шибеник, Ријека и Дубровник.
Постепено ноќеска снегот престанал, додека денес во регионот се очекува смирување на времето и сончеви периоди.
Бугарија пак е како и делови од нашата земја, е погодена од силни ветрови поради кои многу домаќинства може да останат без струја.
