ВИДЕО Снежна идила во Хрватска, снегот ќе продолжи да паѓа и денеска
Делови од Хрватска утринава се прекриени со снежна прекривка откако во текот на ноќта падна поголема количина снег.
На социјалните мрежи веќе се шират фотографии и видеа од снежната прекривка која ги израдува тамошните жители.

Како што пренесува „24часа“, во Завижан од вчера почнал да паѓа снег, а снегулките паѓаат и денеска. Исто така и Мркопаљ веќе е затрупан со снег, а од тамошната управа за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека снег се очекува и во текот на денешниот ден.
Податоците покажуваат дека најмногу снег наврнал во Завижан, каде што натрупале дури 40 сантиметри снег, потоа Бегово Раздоље со 33 сантиметри, Делнице со 27 сантиметри и Парг-Чабар со 21 сантиметри.
Фото: Принскрин/Фејсбук
Слично
