(ВИДЕО) СНЕГОТ НАПРАВИ ХАОС ВО СЛОВЕНИЈА: Љубљана без струја, сообраќајот во колапс!
Поради силните снежни врнежи во Словенија без струја останале десетина илјади потрошувачи, најмногу на подрачјето на Љубљана и Дравоград.
Сообраќајот се одвива отежнато и има повеќе несреќи, а голема е и опасноста од снежни одрони . Метеоролозите за денес и утре најавуваат смирување на времето иако со задржување на ниски температури, но снег во некои делови од земјата уште паѓа.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OsPdDy3wUpQ[/embed]Поголем дел од земјата е под снежна прекривка дебела во просек 25 цм, а во планинските предели и околу 40. Поради тежината на снегот се кршеле гранки од дрвјата, предизвикувајќи застои во сообраќајот на повеќе локални патишта а и испокинати се некои електирчни водоводи.
На подрачјето на Љубљана утрово без електрична енергија беа околу 4000 потрошувачи, но дежурните служби работат на поправки, а исто толку се погодени од немање на струја на север од земјата.
Поради обилниот снег затворен е тунелот Караванка кон Австрија и граничните премини Вршиќ, Љубељ и Коренско седло. Дежурните екипи не препорачуваат заминување во планина поради опасности од лавини, но неколку ски центри очекуваат зголемени посети поради новиот снег.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4lCZ5IVCbbM[/embed]Метеоролозите очекуваат дека временските прогнози, после овој поларен бран во последните денови ќе се смират, но температурите за овој период од годината и наредните денови ќе останат невообичаено ниски, поради што може да се очекуваат штети на некои земјоделски култури и овоштарство.
