Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Снег, ветар, поларен студ – хаос на патиштата во Војводина

(ВИДЕО) Снег, ветар, поларен студ – хаос на патиштата во Војводина
Осумдесетина патници завршија во болница, за среќа без посериозни повреди, откако српската војска со хеликоптери ги спаси од завеаните возила на автопатот Зрењанин - Белград. Во спасувачката акција биле вклучени дури и тенкови. Дел од патниците биле заробени во снегот повеќе од 10 часа. Превртени и излетани возила уште повеќе го отежнуваат расчистувањето на патиштата. Во централен Банат и натаму е на сила вонредна состојба заради снежните наноси високи и до четири метри, проследени со силни студени ветрови, кои предизвикаа хаос во сообраќајот. Заради студениот ветар, температурите во овој дел на Србија се спуштија и до -20 степени Целзиусови. Учениците не одат на настава, патиштата се затворени, а властите побараа никој без потреба да не излегува надвор. Метеоролозите предвидуваат дека невремето ќе продолжи и во наредните 48 часа. http://www.youtube.com/watch?v=gujwOoMk7yc
Слично

Поврзани вести