Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Снег падна во Хрватска и БиХ

(ВИДЕО) Снег падна во Хрватска и БиХ

Во делови од Хрватска и Босна и Херцеговина падна снег, а снег се очекува денеска и во Србија.

Хрватските медиуми јавија дека вчера во делови на земјата паднал снег, како и дека температурата паднала до еден степен.

Снег паѓал на врвовите на ридот околу тунелот мала Капела, како и на подрачјето на Оточац, Језерана и Брињ, додека дожд паѓал во регионите на Задар и Шибеник, каде имало невреме. 

На планината Биоково во Сплитско-далматинската Жупанија уште во текот на попладнето почнал да паѓа снег, кој до вечерните часови премина во снежна виулица.

На тој планински венец поради магла не е можно да се утврди височината на снежната покривка, а тоа го отежнува и силниот ветер, кој создава снежни наноси.

Снегот во текот на вечерта почна да паѓа и на повеќе планини во БиХ, како и во Сараево. Во Сараево има сообраќаен хаос поради снегот. 

Босанските медиуми јавуваат дека Федералниот хидрометеоролошки завод соопштил дека снег паѓа и на Бјелашница и во Хан Пјесак.


Слично

Поврзани вести