(ВИДЕО) СМРТОНОСНИ БРАНОВИ ВО ХРВАТСКА! Опасна појава забележана во морето, повеќето потонати бродови се поврзани со овој феномен
Невообичаена
појава на море е снимена на хрватското приморје кај градот Бачвице. Станува
збор за природен феномен наречен квадратен бран, односно вкрстено море. На
социјалните мрежи се појави видео од вакви бранови и предизвика големо чудење и
интерес кај луѓето.
Науката го објаснува ова како последица на пресекот на два непаралелни брановни системи. Причината зошто оваа појава е крајно опасна е тоа што се манифестира истовремено со појавата на бранови направени од ветрот кога се формираат таканаречените механички бранови. Повеќето потонати бродови се поврзани со овој феномен.
Прекрстеното море почесто се формира во океаните отколку во морињата. Експертите истакнуваат дека таканаречените квадратни бранови можат да бидат многу опасни за капачите во морето, бидејќи тешко се гледаат од плажа, а создаваат многу силни подводни струи кои можат да бидат фатални.
