(ВИДЕО) Словенија и се закани на ЕУ со ограда долж границата со Хрватска
Словенија, која е преплавена од потокот на бегалци, не ја исклучува можноста за изградба на ограда на границата со Хрватска, ако не добие од ЕУ доволна поддршка на самитот во неделата, најави премиерот Миро Церар.
„Размислуваме исто и за оваа опција, но не е дојден моментот. Ние сеуште се надеваме на европско решение, но ако изгубиме надеж на ова ниво, ако во неделата не добиеме доволно, тогаш сè ќе биде можно, бидејќи ќе бидеме оставени сосема сами“, изјавил Церар во соопштението за државната телевизија таа ноќ.
Тој истакнал дека изградба на ограда долж границата со Хрватска може да се планира како последно средство, вклучувајќи и оперативни причини. „Границата со Хрватска е долга (670 км). Да се подигне ограда ќе биде доста тешко, па дури и таа да биде изградена, ќе треба полицијата и армијата да ја чуваат постојано, за да не избегнат илегални премини“, додал премиерот.
Словенија се надева дека ќе биде послушана на самитот во ЕУ-Балкан, посветен на миграциската криза, која ќе се одржи во недела во Брисел, финансиска помош во износ од 140 милиони евра, како и логистичка поддршка, за да се справи со приливот на бегалци. Таа инсистира за ефикасна контрола на грчко-турската граница на ЕУ, за која земјите членки одлучија, но применатса се одложува.
Од 17 октомври до синоќа 38 600 мигранти влегле во Словенија. Словенечката полиција додава кадри, направени од полициски хеликоптер, на бегалци, кои трчаат по улица, откако ја преминале границата со Хрватска, очигледно со одобрение на хрватските власти.
Хеликоптерот снимил како бегалци слегуваат од воз во Хрватска и се преведени на границата со Словенија од хрватската полиција. Хрватска веќе ги испраќа бегалците кон Словенија, откако Унгарија ја затвори границата.
