Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Словенија е затрупана со снег - имаат снежна покривка од 80 сантиметри

(ВИДЕО) Словенија е затрупана со снег - имаат снежна покривка од 80 сантиметри

Словенија ја зафати снежно невреме. 

Во северозападниот дел на земјата е формирана снежна покривка која достигна и до 80 сантиметри. Поради снежните врнежи прекинато е снабдувањето со електрична енергија во некои делови на Корушка и Штаерска, а имаше и застој во сообраќајот. До утрово во Горење паднаа од 15 до 40 сантиметри снег, а во Бохињ околу 30 сантиметри. Во Крањ снежната покривка изнесува 24 сантиметри, во Љубљана 20, во Марибор 13, во Птуј и Цеље по 12 сантиметри. 

Во август годинава на планините во Словенија падна снег. 


Слично

Поврзани вести