Видео: Сите проблеми со уплатници може да се решат во Министерство за финансии
Министерството за финансии ги известува граѓаните дека доколку извршиле погрешна уплата за глоба, казна или такса кон државните институции истата може да ја корегираат со помош на вработените во министерството.
Исто така доколку ја изгубиле уплатницата во Министерството за финансии може да дојат доказ за извршениот трансфер. Овој проблем се случува доста често, па така според нивните податоци годишно има над 1000 погрешни уплати од граѓани и фирми.
Слично
