(ВИДЕО) Сирија со руско воздушно оружје напаѓа единици на ИСИС
Сириските воздушни сили на претседателот Башарл ал Асад започнаа со големи напади во Палмира врз припадниците на Исламската држава, јави Би-би-си.
Во 25-те напади убиени се 26 лица и 12 исламски милитанти, пренесува сириската организација за човекови права со седиште во Велика Британија.
Во тврдината на неколку исламистички групи во градот Идлиб се убиени уште 17 лица.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=36-z4uHuKdY[/embed]
Вчера сириските воздушни сили го нападнаа и градот Рака кој важи за главен град на Исламската држава.
Сириски извори за Би-би-си јавиле дека користат ново оружје испратено од Русија.
Слично
